Иако актерот Кевин Костнер направил проект за одморалиштето „Данбар“ пред две децении, луксузниот рај во кој биле вложени 100 милиони долари никогаш не бил отворен. За работата да биде уште полоша, жената уметник која направила 17 бронзени бизони за одморалиштето, го тужела актерот поради кршење на договорот. Пеги Детмерс ги правела бизоните дури девет години, како нејзините дела вредни 4 милиони долари би биле изложени во одморалиштето „Дамбар“ во Јужна Дакота, кое името го добило по ликот кој Кевин Костнер го глумел во филмот “Dances with Wolves”.

Бидејќи одморалиштето не било никогаш отворено, делата на познатиот уметник нема никогаш да бидат видени од поголемиот дел од аудиториумот, поради што таа го тужела актерот. Пеги и Костнер во 2000 година потпишале договор според кој одморалиштето требало да биде отворено најдоцна до 2010 година, а во спротивно скулптурите да бидат префрлени на друго место. Таа во скулптурите вложила 250 илјади долари, а договорот бил да се продаваат за 4 милиони долари кога ќе бидат готови.