На премиерата на филмот “Black and White” во Рим, оскаровецот Кевин Костнер ја повел својата 28-годишна ќерка Лили. Додека шетале по црвениот тепих, славниот актер и неговата миленичка се држеле за раце, а блицевите на фотоапаратите не престанале да светат кога во еден момент таткото и ќерката се бакнале во уста.

Русокосата Лили, која исто како и својот татко е актерка, е едно од трите деца кои Костнер ги има со поранешната сопруга Сидни Костнер и второ од вкупно седумте дева на 59-годишниот актер кој досега во својата кариера се има закитено со голем број филмски награди меѓу кои и два Оскари.