Веста за враќањето на Кевин Костнер на големото платно само ги израдувала неговите фанови, а според последните информации, станувало збор за новото филмско остварување на Квентин Тарантино. Меѓутоа, наводно Кевин ја одбил улогата во вестернот “Django Unchained”, а причина за тоа биле термините за снимање. Оние кои се подобро запознати со ситуацијата тврдат дека Костнер ја одбил улогата поради бруталноста на неговиот лик Ајсиј Вуди.


Имено, Костнер требало да го игра помошникот на главниот негативец Келвин Кенди, кој го игра Леонардо ди Каприо, а ликот е садист кој ужива да организира борби со робови и човек кој го бие глас како не посебно политички коректна личност. Останата актерска екипа останува иста, а покрај Леонардо ди Каприо настапуваат уште и Џејми Фокс, Кристоф Волц, Семјуел Ел Џексон и Жералд МекРејни. Филмот во кината би требало да се појави во 2012 година.