Кевин Костнер бил пресреќен поради породувањето на неговата сопруга, бидејќи станал татко по седми пат. Неговата сопруга Кристин Баумгартнер Костнер, го донела на свет девојчето Грејс Авери. Таа се родила во средата во 5 часот и 46 минути.
Породувањето поминало без потешкотии и мајката и ќерката се совршено здрави, соопштиле медиумите. Оскаровецот Кевин покрај Грејс има уште шест деца на возраст од една до 25 години.