Холивудската актерка Кетрин Зита Џонс се пријавила во болница за лечење на биполарно пореметување, болест која е пропратена од тешка депресија. Сопругата на Мајкл Даглас наводно била под голем стрес поради битката на сопругот со ракот на грлото, и кога Мајкл соопштил дека го победил ракот, таа одлучила да се посвети на себе.
Нејзиниот портпарол изјавил дека Кетрин одлучила на кратко да се пријави во ментална установа поради лекување на биполарното пореметување. Тој додал дека Кетрин ќе се врати на работа во рок од една седмица и дека се чувствува добро. Кетрин, која добила оскар за улогата во филмот „Чикаго“, неодамна ја снимила комедијата “Playing The Field” со Џерард Батлер.