Актерката Кетрин Зита Џонс и нејзиниот сопруг Мајкл Даглас наводно го чекаат своето трето дете, пренеле медиумите. Парот бил на една роденденска забава пред неколку дена на која Кетрин се појавила во тесен фустан во кој и се забележувал стомакот, поради што започнале гласини за нејзина наводна бременост.

Извор за американското списание “Star” тврдел дека Мајкл сакал да ја исполни желбата на Кетрин да имаат уште едно дете. Ова бебе било чудо поради нивните години и сега се чувствувале како животот да им дал уште една можност. Инаку, Мајкл минатата година се излечил од рак на грлото. Кетрин цело време била покрај него, а по тој тежок период се нашла во болница за психички болести поради биполарно пореметување. За среќа успешно закрепнала.