Кетрин Зета Џонс во едно интервју открила дека извесен времеснки период спиела во ормарот. Имено, кога одлучила да се испроба во глумата се доселила во Лос Анџелес, како и повеќето филмски звезди. Се сместила во една вила која и ја дал на користење некој семеен пријател.
Живеела сама, па затоа се преплашила кога една ноќ слушнала разни звукови. Тогаш одлучила да спие во ормарот. Таму се чувствувала сигурно, а немала кој да повика покрај себе за да не биде сама.