Кетрин Зета Џонс (45) и Мајкл Даглас (70) успеале да ги решат недоразбирањата и се смириле откако летото 2013 година го поминале разделени. Актерите кои се во брак веќе 14 години, сега повторно, најверојатно имаат проблеми. Имено, таблоидите пишуваат дека Кетрин е бесна бидејќи нејзиниот сопруг се загреал за младата колешка Еванџелина Лили (35) со која го снима филмот ‘Ant-Man’.
Помеѓу Мајкл и Лили наводно од почетокот постои хемија. Фактот дека тој е во брак и дека Еванџелина има момче, не го спречила актерот да и се додворува, изјавил извор кој тврди дека помеѓу нив „летаат искри“ на сетот и дека Мајкл копнее по Еванџелина. Зета-Џонс поради тоа е љубоморна и бесна, па нивниот брак повторно е разнишан, тврди истиот извор.