После семејните караници, судот донесе одлука на Кетрин, мајката на Мајкл Џексон, привремено да и се одземе старателството над трите малолетни деца на починатиот крал на поп музиката. Ти Џеј, синот на братот на Мајкл, ќе им биде старател.

Кетрин Џексон после необичното исчезнување одлучила да проговори за се, па во медиумите потврдила дека не била киднапирата, туку одлучила да побегне од се на неколку дена.

Јас сум добра и фина личност. Тие гласини за моето киднапирање, кои кружат, се чиста глупост” – изјавила Кетрин. Таа била пронајдена во еден луксузен хотел во Аризона. Во таа прилика таа не објаснила зошто никој од семејството не знаел за нејзиниот одмор.

Одлуката на судот да и го одземе старателството над внуците не го коментираше, само изјави: “Драго ми е што децата се добро, тоа е за мене најважно. Сигурна сум дека Ти Џеј ќе знае како да се грижи за нив. Им јавив дека ќе ги посетам во текот на наредните денови и тие едвај чекаат да ме видат“.