Пејачката Кети Пери била во врска со Малик ле Носта, еден од своите придружни танчери. Нејзин пријател открил дека токму нему му се доверувала кога имала проблеми во бракот со Расел Бренд. Пријателот рекол дека танчерот секогаш внимателно ја слушал и и помагал.

Со него била видена во Лас Вегас. За време на нејзината турнеја минатата година, таа станала многу блиска со пратечкиот бенд и танчерите. Минатиот месец објавила дека по 14 месеци брак се разведува од Расел Бренд.