Пејачката Кети Пери се појавила во необичен фустан со ликот на Штрумфета на премиерата на филмот „Штрумфови“ во Њујорк. Кети, која го позајмува гласот на Штрумфета во новиот филм за омилените детски јунаци на премиерата се појавила во склад со својата улога.


Целиот стајлинг и бил подреден на штрумфвите, па освен мини белиот фустан со огромниот лик на Штрумфета, Кети на рацете имала маникир со сликички од останатите Штрумфови, носела сини чевли, косата исто така ја исфарбала во таква нијанса, па дури и шминката била со доминантно сини тонови.