Пејачката Кети Пери и актерот Роберт Патисон биле видени на проба за венчавка во Санта Барбара, па медиумите почнале да шпекулираат дека пејачката е главна причина за прекинувањето на врската помеѓу актерот и Кристен Стјуарт.


Како што пренесуваат медиумите, пејачката откако слушнала за неверството на Кристен Стјуарт, го наговарала Роберт да раскине со неа, бидејќи заслужувал подобро. Било наведено и дека актерот и пејачката биле облечени многу едноставно и дека само ја набљудувале пробата за венчавката во Сан Рисидо ранчот, каде Кети Пери пораснала.