Музичарите Кети Пери и Џон Мајер се спремни за венчавка, барем така велат нивните најблиски пријатели. Еден пријател на Џон, откако парот присуствувал на венчавката на братот на Кети, рекол дека само е прашање на време кога Џон ќе ја запроси. Гостите кои исто така биле на венчавката рекле дека семејството на Кето се однесувало кон Џон како веќе да е нивни член.
Џон и Кети се забавувале кратко и пред нејзиниот брак со комичарот Расел Бренд, па повторно се смириле само неколку дена по нејзиниот развод. Меѓутоа, тие двајца нема да бидат во можност да минуваат многу време заедно во следните неколку месеци, бидејќи Џон оди на својата европска турнеја, дидека пејачката се спрема за излегувањето на нејзиниот нов албум “Prism”.