Пејачката Кети Пери пронашла нова љубов откако го прекинала бракот со комичарот Расел Бренд. Неговото име е Баптист Џабикони и моментално е најплатен машки манекен на светот. По потекло е од Франција, а наводно тој и Кети се зближиле на модната седмица во Париз.
тој поставил заедничка фотографија на својот твитер налог и така дополнително ги подгреал озборувањата дека е во врска со младата пејачка. Новопечениот пар сеуште не сака да позира за фотографите заедно, и поради тоа секогаш кога во јавност се заедно се кријат.