Кети Пери одлучила сепак да стави точка на својата романса со колегата Џон Мајер, бидејќи тој не можел да се посвети на сериозна врска. Пријател на популарната пејачка рекол дека Џон едноставно не знаел да се врзе за некого. Секогаш и ветувал разни работи и дека ќе се промени, но ништо од тоа не исполнил иако знаел дека Кети е лудо вљубена во него.

Иако Кети го сакала Џон Мајер во својот живот, по помирувањата и новите кавги, сватила дека и треба некој многу посериозен на кого ќе може да се потпре, за разлика од младиот пејач кој долго време го бие глас на срцекршач.