Кети Пери била приморана да ги откаже своите следни концерти. Имено, пејачката добила труење од храна. Таа пеела на половина од концертите на својата турнеја ‘California Girls’ низ САД и Канада по што требало да се врати во Бразил.
Концертите кои морала да ги откаже биле закажани во Минесота и Чикаго, а истите биле преместени за наредниот месец. Пејачката им се извинила на своите обожаватели преку својот твитер профил. Таа напишала дека жали за откажаните концерти, а на фановите во Чикаго и Минесота им ветила шоу какво досега не виделе.