Поп ѕвездата Кети Пери во Њујорк била именувана за нов амбасадор на УНИЦЕФ, со задача да вклучи што поголем број млади во работата на фондот како би се унапредил животот на најзагрозените деца и млади во светот. Извршниот директор на агенцијата Ентони Лејк рекол дека биле воодушевени што им се придружила и што им го позајмува гласот како би можел посилно да се слушне гласот на младите ширум светот. Потсетил дека младата пејачка и претходно се истакнувала со хуманитарната работа во корист на децата.
Како амбасадор на УНИЦЕФ пејачката ќе работи на поттикнување на младите јавно да зборуваат за темите кои ги сметаат за важни за својата иднина како и на нивното непосредно вклучување во решавањето на потенцијалните проблеми. Кети рекла дека е почестена што станала дел од семејството на УНИЦЕФ и рекла дека верува како младите имаат моќ со нивна помош да ги променат своите животи. Таа ветила дека ќе стори се што е во нејзина моќ да им помогне на младите кои потекнуваат од најразлични средини но имаат иста цел, односно посветла иднина.