Кети Пери крие од својот сопруг Расел Бренд дека јаде месо, бидејќи тој е вегетаријанец веќе 22 години. Пред две години кога почнале да се забавуваат, пејачката се согласила поради Расел да престане да јаде месо. Меѓутоа, тоа по се изгледа тешко и паднало, бидејќи веќе некое време во тајност конзумира животински производи.


Пријател на парот изјавил дека Расел е вегетаријанец веќе 22 година, додека Кети обожавала месо и и било многу тешко да се откаже од него наеднаш. Интересно е тоа што пред извесен период Расел Бренд бил прогласен за најсексипилен славен вегетаријанец.