Американската пејачка Кети Пери е последна во низата славни личности чиј живот ќе биде преточен во форма на стрип. Издавачката куќа „Bluewater Productions“, позната по серијата биографски изданија за животите на ѕвездите како што се Џастин Бибер, Лејди Гага и Тејлор Свифт, ќе објави нов стрип за пејачката, од детството во строго Христијанско семејство до нејзините први музички хитови.

Засега не е познато кога овој стрип, со наслов “Fame:Katy Perry”, ќе се најде во продажба, ниту дали ќе го опфати и краткиот брак на пејачката со британскиот комичар Расел Бренд. Медиумите навеле дека во јули се очекува 3Д документарен филм од концертите на популарната пејачка.