Пејачката Кети Пери најавила дека планира наскоро да добие деца со својот сопруг Расел Бренд, но судејќи според гласините во Холивуд, се ближел крајот на нивната врска. Извор близок на пејачката рекол дека таа на својот близок пријател Тор Нисен, кој со неа настапува на актуелната турнеја, му признала дека бракот и е во криза. Изворот открил дека Тор на Кети и станал рамо за плачење, до таа мера што неговата девојка почнала да се сомнева и му се придружила на турнејата.

Во меѓувреме, Расел Бренд ја извадил бурмата на еден настап во САД и ја искористил можноста да се пошегува со сестринствата во американските колеџи. Рекол дека не му е јасно што се тоа сестринства, освен можеби некој вид секс клубови за жените.