Пејачката Кети Пери и нејзиниот сопруг Расел Бренд решиле да ја освежат својата врска и да отпатуваат во Индија, земјата во која се венчале во октомври минатата година. Комичарот Расел Бренд веќе резервирал во Хотелот Аман Њу Делхи за дочекот на новата година, како би ја надминале краткотрајната криза во својата врска.


Популарниот пар ќе мине две седмици во хотелот со пет ѕвезди и спа центар, а упатените велат дека таквиот одмор добро ќе им дојде, бидејќи поради работните обврски во последно време биле често разделени. Расел бил посветен на своите филмски проекти, додека Кети била на светската турнеја “California dreams”.