Познатата поп пејачка Кети Пери, која има 31 година, и холивудскиот актер Орландо Блум, кој има 39 години, ја подигнаа својата романса на повисоко ниво. Имено, тие заедно отпатуваа на романтичен одмор на Хаваите. Со пријателите на островот Мауи уживаа во планинарење и возење со хеликоптер.

 

Гласнините дека Кети и Орландо се во врска почнаа да се појавуваат во јануари после доделувањето на Златните глобуси, кога после церемонијата беа видени како разменуваат нежност на забава во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес. И Кети и Орландо се разведени. Таа од британскиот комичар Расел Бренд, а тој од австралискиот супермодел Миранда Кер, со која го има петгодишниот син Флин.