Кети Пери беше главна ѕвезда на полувремето на Суперболот кој ги сруши сите рекорди со гледаност од 118,5 милиони луѓе според Билборд, па по се изгледа ова ќе биде година во знакот на пејачката. Популарната пејачката приредила шоу за паметење на спортскиот настан на годината, а на бината и се придружија уште и Лени Кравиц и Миси Елиот.
Славната раперка се дружела со Кети и зад сцената, а на својот Твитер објавила и заедничка фотографија. Но она што е интересно е тоа што со Кети во бекстејџот бил и музичарот Џон Маер, со кој била во врска. Веќе извесно време се зборува дека парот повторно е заедно, а ова сега е и прва заедничка фотографија која тоа го потврдува. Кети и Џон се обидувале веќе неколку пати, а можеби ова сега е нивниот момент за љубов.