Пејачката Кети Пери му упатила честитка на својот поранешен сопруг Расел Бренд како би му честитала јубилеј од десет години откако престанал да користи наркотици. Расел пред една деценија успешно се изборил со дрогата и иако веќе повеќе од една година не се во брак, неговата поранешна сопруга посакала да му го честита овој јубилеј.
Пријател на пејачката, алудирајќи на нејзината врска со музичарот Џон Маер, рекол дека Кети Пери му испратила мејл сакајќи да му каже дека мисли на него, да му посака среќа во новата година и да му каже дека нејзиното срце конечно повторно било исполнето.