Поп пејачката Кети Пери би можела наскоро да стане првата личност која има повеќе од 50 милиони следбеници на Твитер. Твитер бројачот, кој го следи користењето на ова друштвена мрежа, предвидува дека пејачката таа магична црта би можела да ја мине уште денес. Вчера на нејзиниот налог ја следеле 49.989.780 лица.

Џастин Бибер минатата година ја симнал од тронот Лејди Гага како најследен, но тоа место морал да и го препушти на Кети во ноември. На третото место е американскиот претседател Барак Обама со повеќе од 41 милион следбеници. Бибер сега има повеќе од 49 милиони, а Лејди Гага е на четвртото место. Таа влела во историјата на Твитер во март 2012 година како прва личност со 20 милиони следбеници. Најновиот албум на Кети Пери “Prism” е на првото место на листата на Билборд за 200 најбарани албуми.