Пејачката Кети Пери потпишала договор за својата прва автобиографија вреден 2,3 милиони евра, а во книгата меѓу останатото ќе се открие се за краткиот брак со Расел Бренд. Автобиографијата ќе носи наслов “Part of Me” и ќе содржи досега непознати детали за нејзиниот брак.

Таа ќе се обиде на овој начин да го претрка својот поранешен сопруг кој се спрема да издаде нов том од својот автобиографски серијал “My Booky Wook”, во кој сака да ја изнесе својата верзија од приказната за бракот со пејачката.