Пејачката Кети Пери вчера доби своја восочна фигура во музејот Мадам Тисо во Њујорк. Таа е претставена во костумот од нејзината “California Dreams” турнеја.
“Примивме голем број молби да ја ставиме нејзината восочна фигура во музејот, па сега сме навистина возбудени. Соработувавме со костимографката на Кети Пери за оваа фигура да биде што пореална” изјавил менаџерот на музејот Брет Пиџин.
Освен во Њујорк идентични восочни фигури се претставени во Амстердам, Сиднеј и Банкок.