Поп ѕвездата Кети Пери е прогласена за најдобра пејачка на доделувањето на Европските MTV награди во Амстердам, победувајќи ги Лејди Гага и Мајли Сајрус. Со три поп диви во конкуренција, битката за титулата најдобра пејачка била најинтересна за гледачите на синоќешното доделување. Пери, на која ова и е трета ваква награда, драматично ја извела својата нова песна “Unconditionally” додека висела на кугла издигната девет метри над сцената. Сајрус, која добила награда за најдобар спот за “Wrecking Ball”, ја искористила својата Твитер препирка со музичарот Робин Тики во август, и на црвениот тепих се појавила во мини фустанче со порака околу колковите, „Ве молам сопрете го насилството“.
Британско-ирскиот тинејџерски бенд “One Direction” имал добра ноќ, бидејќи дома отишле со награда за најдобар поп, а Хари Стајлс бил награден за моден вкус. Американскиот рапер Еминем ја добила наградата „Глобална икона“ за животно доистигнување, како и награда за хип хоп изведувач само една седмица откако бил прогласен за уметник на годината на првото доделување на Јутјуб музичките награди. Фронтменот на групата “Thirty Seconds to Mars”, актерот Џеред Лето ја искористил наградата за најдобра алтернатива повикувајќи на една минута молчење за жртивте од тајфунот кој однел околу 10 илјади жители на Филипините. Џастин Бибер четврта година по ред го задржал статусот за најдобар машки изведувач, додека Бијонсе и Бруно Марс добиле награди за најдобар настап во живо и најдобра песна. Кинезот Крис Ли е најдобар меѓународен изведувач.