Боби Кристина, 19-годишната ќерка на починатата Витни Хјустон ќе го наследи целиот имот на мајка си. Боби Браун ќе биде изоставен од листата наследници, поради предбрачниот договор кој го потпишал пред десет години. Така во јавноста исплива уште еден детаљ од животот на трагично починатата Витни Хјустон. Според предбрачниот договор кој го потпишале во 1992 година, се што Витни заработила за време на бракот и припаѓало исклучиво неа.


Боби имал право на наследство само доколку Витни му оставела нешто со тестамент. Бидејќи тоа не се случило, комплетниот имот ќе го наследи нејзината ќерка Боби Кристина. Сега наводно Боби Браун се обидувал да и се приближи на ќерката, со цел да извлече нешто од наследството. Поради тоа семејството на Витни Хјустон се обидува да спречи средби помеѓу таткото и ќерката, сметајќи дека Боби ќе ја уништи ќерката како што ја уништил и Витни.