Боби Кристина Браун, ќерќата на Витни Вјустон и Боби Браун, пред пет дена беше пронајдена во речиси безживотна состојба во када, по што веднаш е пренесена во болница и ставена на апарати за одржување во живот. Нејзината состојба не се подобрува, а лекарите стравуваат дека веќе не можат да направат ништо за нејзиниот живот, по што таа е исклучена од апарати.
Како што јавуваат светските медиуми, во болницата веќе доаѓаат блиските за последен пат да се поздрават со 21-годишната девојка.
Нејзиниот татко Боби Браун е скршен од болка.
Мајката на Боби Кристина, познатата музичка ѕвезда Витни Хјустон (48), почина во 2012 година во хотел на Беверли Хилс.
OhridNews