Иако има само девет години, Вилоу Смит, ќерката на Вил Смит потпишала договор со дискографската куќа на раперот Џеј Зи „Rock Nation“. Талентираното девојче веќе заработила милиони за улогата во филмот „Јас сум легенда“, а нејзиниот прв сингл “I Whip My Hair” го воодушевил раперот Џеј Зи.


Раперот изјавил дека ја слушнал песната и му се допаднала уште пред да дознае дека ја пее деветгодишно девојче. За песната рекол дека ќе стане огромен хит. Вилоу веќе ја започна својата музичка кариера, додека нејзиниот брат Џаден се одлучил за актерството.