Иако има само 11 години, ќерката на Вил Смит веќе навикнала да позира на црвениот тепих.
На премиерата на филмот „Луѓе во црно 3“, која била одржана во Њујорк, Вилоу се појавила облечена во искинати хеланки и маица со ликот на Фреди Кругер.
Така младата пејачка повторно ја шокирала јавноста со својот изглед. По неколку екстравагантни комбинации и фризури, таа повторно избрала стил кој привлекол внимание.
На избричената глава носела црно-бел шешир, а на наоктите имала црн лак. За специјалната прилика облекла чевли со леопардски принт.
Друштво и правел постариот брат Џејден, а на црвениот тепих се појавила и нивната мајка Џејда.
Покрај Вил Смит, кој бил главна ѕвезда на вечерта, на премиерата присуствувале и пејачката Никол Шерцингер, музичарот Питбул, актерот Томи Ли Џонс и други славни личности.