Холивудската актерка Ума Турман пред неколку месеци родила ќерка, но неодамна открила дека нејзиното девојче има дури пет имиња.
Портпаролот на актерката во нејзино име објавил дека името на ќерката гласи Росалинд Аруса Аркадина Алталуне Флоренс Турман-Басон, а за семејството само Луна. Луна е прво дете на актерката и нејзиното богато момче, Арпад Басон, која веќе има две деца од врската со супермоделот Ели Макферсон, јавиле американските медиуми.