Деветнаесетгодишната Изабела која Том Круз ја посвоил со поранешната сопруга Никол Кидман, се иселила од неговиот дом и почнала да живее со момчето. Таа ја напуштила вилата вредна 17,5 милиони долари на Беверли Хилс и почнала да живее со момчето, музичарот Еди Френсер.

Тие се преселиле во стан во Лос Анџелес, а медиумите пренеле дека во квартот во кој се преселиле во последно време се случиле многу напади, грабежи и две силувања. Извор близок на парот рекол дека нема да се венчаат наскоро, но нивната врска била многу сериозна. Том Круз додека бил во брак со Никол Кидман ја посвоил Изабела и нејзиниот брат Конор. Сега е во брак со Кети Холмс и ја има ќерката Сури.