Ќерката на Синди Крафорд веќе се појавуваше во едиторијали на списанието „Тин вог“ и италијанскиот „Вог“, а новата кампања за брендот “Crome Hearts” е нејзин прв поголем моден проект. Откако Синди Крафорд ги негира гласините дека се повлекува од светот на модата, во јавноста излегоа фотографии од првата модна кампања на нејзината наследничка. Прекрасната 14-годишна Каја стана заштитно лице на брендот “Crome Hearts” и се фотграфира за кампањата во која претставува парчиња од нивната најнова колекција.

 

Навистина е неверојатна сличноста помеѓу Каја и нејзината славна мајка, од која ги наследи густите веѓи, прекрасната коса и смеѓите очи. Синди неодамна откри деја ја поддржува својата ќерка во манекенската кариера, но дека не сака да стане преслаба и да се изгладнува. Изјави дека денес се очекува моделите да бидат страшно слаби па се плаши поради својата ќерка, бидејќи таа самата не е природно ситна, како ни нејзината ќерка.