Каиа Гербер тргна по стапките на славната мајка кога имаше само 10 години, а сега, со полни 14 веќе има завидна модна кариера. Каиа е ќерка на бизнисменот Ранде Гербер и една од најуспешните манекенки на светот, славната Синди Крафорд на која нверојатно личи. Мини верзијата на преубавата Синди, како што ја нарекуваат, неодамна потпиша договор со познатата моделинг агенција „IMG“, под која работат славни имиња како Алесандра Амброзио, Иман Абдулмаџид, Лили Олдриџ и Камила Алвес.
Досега се појави на насловната на „Тин Вог“, а беше и заштитно лице на кампањата за „Young Versace“. На денот кога го потпиша договорот со модната агенција, гордата мајка Синди преку Инстаграм подели фоторафија од својата преубава ќерка од реклама за Вог Италија, а повеќе пати има изјавено дека ја поддржува својата ќерка и секогаш со своето искуство и дава корисни совети за кариерата.