Синди Крафорд во деведесеттите години била најпосакуван супермодел, а сега е една од најубавите жени на светот. Сепак, се чини дека нејзината ќерка Каја Џордан Гербер ќе ја симне од тронот. Како и Синди, нејзината ќерка која има само 14 години, иако сеуште млада, плени со својата убавина.
Има идентична насмевка, усни, очи и облик на лицето како Синди, па ако има желба сигурно би можела да биде успешна манекенка и фото модел. За ова најдобро сведочат фотографиите кои се направени пред неколку дена во Њујорк кога семејно отишле на кино на промоција на филм.