Убава е, висока, но ја има и поддршката од славниот татко. Систин Роуз Сталоне вели дека од својот татко го наследила смисолот за хумор и работната етика. Изгледот очигледно го наследила од мајката Џенифер Флавин која е поранешен модел.

 

Девојката која има 16 години и за која допрва ќе слушаме, вели дека мајката ја научила дека манекенството всушност е глума. Како да се покаже својата добра страна, како да се чекори по пистата, како да се стане некој друг. Модата всушност е менување на личностите низ облеката. Открила и дека славниот татко не и дозволува да излегува со момчиња, но затоа ја научил како да се тепа и да се одбрани.