Ќерката на актерот Шон Пен, Дилан, која има 20 години, е бесна на својот татко поради неговата врска со Скарлет Јохансон. Го напанала зборувајќи дека треба  да се однесува во склад со своите години бидејќи актерката можела да му биде ќерка. Скарлет неодамна се преселила во неговата луксузна вила во Малибу.


Но, Дилан не е единствената која не ја одобрува нивната врска. Скарлет се оддалечувала од својата мајка Мелани која и била главна потпора во животот. Откако влегла во врска со Пен, мајкаи потполно ја исклучила од својот живот. Парот е во врска три месеци. Скарлет претходно се развела од својот сопруг Рајан Рејнолдс со кого била во брак две години, а Пен минатата година се разведе од Робин Рајт по 14 години брак.