Ќерката на Роман Абрамович има 18 години, а веќе е „тешка“ 130 милиони евра, а на училиште оди со приватен хеликоптер. Софија обожава да се дружи со децата на Дејвид и Викторија Бекам, но е многу приврзана со татко си, па гламурозните настани и црвените теписи ги менува за дружење со него. Сепак, тоа не значи дека Софија не сака забави. Полнолетството го прослави во круг од 500 пријатели, со огромна торта, најскапо шампањско, а сето тоа во својот приватен клуб. Нејзината роденденска забава чинела 40 илјади евра.

 

Кога Софија ужива во Лондон, тоа го прави во блиндирани автомобили со обезбедување. Поранешната сопруга на Роман во една прилика изјави дека нивниот живот не бил бајка бидејќи никаде не можеле да одат без телохранителите кои ги најмил Роман за да бидат покрај неговото семејство 24 часа дневно. Семејство мора секоја седмица да ги менува телефонските броеви за никој да не може да ги следи. Нивните посети на музеи или некои други јавни места се неизведливи без голем број телохранители. Софија сака да јава коњи, а упатените во нивниот живот велат дека Роман толку ја разгалил, што понекогаш е неподнослива. Тој и ја исполнува апсолутно секоја желба, а единствено што му смета е тоа што Софија понекогаш сака да се напие некоја чаша алкохол. Често се фотографира со шишиња вино кои чинат повеќе од нечии автомобили.