Мидоу Вокер, ќерката на американскиот актер Пол Вокер кој погина во сообраќајна несреќа во 2013 година, доби 10 милиони долари оштета во судскиот спор кој го подигна против Роџер Родас, човекот кој го возеше поршето, и кој исто така настрада во кобната несреќа во Лос Анџелес. Инаку, оваа сума на ќерката на Вокер и беше доделена уште во 2014 година со судска спогодба, а сега е потврдена. Она што внесува конфузија во целата приказна е фактот што сеуште не е познато дали сумата ќе и биде исплатена од оставината на Родас или од осигурувањето.
Меѓутоа, ова е само почеток на низата судски процеси, бидејќи семејствата на обајцата погинати сметаат дека неисправното возило е виновно за несреќата, поради што е поднесена тужба против германскиот производител на автомобили. Судот веќе ја отфрли тужбата која Кристина Родас, вдовицата на Роџер Родас ја поднесе против Порше, но допрва треба да се разгледа тужбата на Мидоу Вокер и нејзиното семејство кои велат дека неисправното Порше е виновно за смртта на Пол Вокер.