Џејд Џегер, најстарата ќерка на пејачот на Ролингстоунс Мик Џегер живее во општински стан кој го изнајмува за 150 евра, иако имотот на нејзиниот татко е проценет на повеќе од 235 милиони евра. Откако минатата година се омажила за диџејот Адруијан Филари, таа живее со него во еднособен стан, во комплекс кој е првенствено наменет за социјално загрозени категории.

Станот се наоѓал ја јужната страна од Темза, а повеќето станари чинат луѓе кои имаат најниско платени работи, имаат некоја врста инвалидитет или се бездомници. Интересно е дека брачниот пар својата фирма ја пријавил токму на оваа адреса. И додека тие живеат во мал општински стан, нејзиниот татко поседува голем број недвижности ширум Англија и светот. Меѓутоа, Џејд неодамна изјавила дека никогаш нема да зависи од парите на својот татко. Имајќи во предвид дека нејзината фирма одлично работи, како и дека лани го продала станот во Лондон за два милиони евра, и дека има куќа на Ибица која е вредна 3,5 милиони евра, помалку зачудува тоа што избрала да живее во стан кој го плаќа 150 евра месечно.