Ќерката на фронтменот на Ролингсонс, Мик Џегер, Џорџа Меј Џегер, станала ново заштитно лице на колекцијата на Мадона  “Material Girl”.

 Според медиумите, 20-годишната манекенка, која едно време била заштитно лице на козметичката куќа “Rimmel”, била воодушевена што ќе ја претстави колекцијата која ја дизајнирале поп кралицата и нејзината ќерка Лурд.

Џорџа во кампањата ќе ја замени Кели Озборн, ќерката на уште еден славен рокер, Ози Озборн, која била заштитно лице на “Material Girl” по ѕвездата на хит серијата “Gosip Girl”, Тејлор Момсен.