Парис Џексон имаше само 11 години кога нејзиниот татко, кралот на попот Мајкл Џексон почина во 2009 година. Девојчето и нејзиниот брат тогаш се најдоа на сред семејни расправии околу наследството и премногу беа изложени на напади од папараците. Четири години подоцна сите беа уверени дека децата на кралот на попот ја преболеа неговата неочекувана смрт, но не беа во право.

 

Парис во 2013 година се обиде да си го одземе животот. Денес таа е убава седумнаесетгодишна девојка, која сеуште ретко се појавува во јавноста, но благодарение на социјалните мрежи луѓето знаат како изгледа. Изгледа многу посреќна, а причина за тоа е нејзиното ново момче, Честер Кастелоу.