Ќерката на Мајкл Џексон, Парис, која има 15 години, е сместена во болница во Лос Анџелес откако се обидела да изврши самоубиство, изјавила нејзината мајка Деби Роу. Роу изјавила дека во последно време многу работи и се случиле на Парис. Им се заблагодарила на сите кои мислеле на девојчето и го ценела тоа што сите ја почитувале семејната приватност.

Според медиумите, ќерката на кралот на попот ги пресекла вените додека се наоѓала во семејната куќа во Лос Анџелес. Во најблиската болница била пренесена со амбулантно возило ви два часот по полноќ. Таа е единствена ќерка на Мајкл Џексон, а позната е по честото обраќање преку Твитер, јаде редовно поставувала фотографии и забавни видео снимки. Нејзината последна порака преку оваа друштвена мрежа бил стих од познатата песна на Битлс, “Yesterday all my troubles seemed so far away but now it looks as though they’re here to stay”.