Ќерката на Мадона Лурд одлучила да тргне по стапките на својата славна мајка и да почне да пее. Оваа 15-годишна девојка ќе биде специјален гостин на новиот албум на кралицата на попот, во кој ќе пее пратечки вокали во песната „Superstar“.
Лурд исто така најавила дека во мај, на турнејата на Мадона, за прв пат ќе се појави на сцената заедно со својата мајка. Но сепак, таа нема да пее, туку ќе настапи како танчерка на концертите на својата мајка.