Иако до сега веќе се појавувала на видео спотови и дизајнирала облека, на ќерката на Мадона, Лоудрес Чичоне, ова и било прво појавување на насловните страни. Се фотографирала за германскиот часопис „Квалити“, а странските медиуми веќе ја прогласиле за звезда во настанување.


Иако се фотогафирала за насловната страна, таа не позирала за едиторијал. Моментално е посветена на елитното училиште по глума кое го посетувале и Мекколи Калкин, Скарлет Јохансон и Сара Џесика Паркер. Неодмана изјавила дека по завршувањето на образованието сака да постане моден дизајнер.