Откако минатата година ја претставила својата модна линија, ќерката на Мадона, Лурд неодамна ја промовирала и својата линија козметички производи за разубавување. Во годините кога многу од нејзините врснички дури сега започнале да си играат со шминката, Лурд веќе е успешна млада дама. Таа неодамна ја претставила својата козметичка линија “Material Girl Beauty” во Њујорк.
Меѓу прозиводите имало купки и лосиони за тело, кармини, сенки, моливи, а на купувачите ќе им бидат достапни освен во трговските центри и преку интернет страницата “Macy’s” по цени од 7 до 12 долари. Пакувањата се украсени со цветен и чипкаст дизајн, кој асоцира на гламурот на нејзината мајка Мадона. Дека славната пејачка е вечна инспирација на младата Лурд докажува и фактот што нејзината прва колекција била сочинета од креации кои потсетуваат на духот на осумдесеттите години.