Ќерката на Мадона Лурд одлучила да ја напушти куќата во која живее со пејачката и самата да го плаќа свето школување бидејќи повеќе не можела да го поднесе строгиот режим на својата авторитативна мајка.
Лурд која има 16 години планира да се запише на уметнички колеџ надвор од Њујорк како би се оддалечила од Мадона, а наводно и самата ќе си го плаќала школувањето. Таа ќе ги искористи парите кои ги заработила со продажбата на облеката од марката за тинејџери која ја лансирала со Мадона пред неколку години, а како што истакнуваат извори блиски на пејачката, на Лурд и здодеало да живее под строгите правила на мајка и.