Иако има само 15 години, по се изгледа младата Лоурд веќе е склона кон егзибиционизмот кој го има нејзината славна мајка. Оваа тинејџерка го облекла познатиот градник на Мадона која пејачката го носи на актуелната MDNA турнеја. Лоурд се фотографирала во гардеробата на мајка си и покажала како неа и стои ова славно парче облека кое Мадона прв пат го носела 1990 година на турнејата „Blond Ambition“.
Градникот го креирал легендарниот Жан Пол Готие, а пејачката го носела за време на изведувањето на песната „Вог“. Лоурд под фотографијата напишала „Lola backstage at MDNA!“, а ни останува уште да видиме дали ќе тргне по стапките на својата мајка.